Боки 13 во есенски стил: Класиката не излегува од мода
Шоуменот Боки 13, првоосомничен во случајот Рекет, пред судиите во Апелацискиот суд во Скопје денес се појави во класичен стил, во боите на есента. Сериозен во однесувањето но и во облеката-внимателно избрано карирано сако и топла ролка, како најава на новото годишно време и на новата става. Во слични бои беа и очилата и нараквицата.
Јовановски, познат и како неформален сопственик на „1ТВ“ беше препознатлив по брендираните и скапи модни парчиња со кои се појавуваше без пардон во јавноста и се фалеше со нив.
Оригинал или фалсификат Гучи, Луј Витон, Шанел беа на модниот репертоар на Јовановски, редок моден фанатик и зависник на македонската трач сцена. (Л.С.)
Фото: Б. Грданоски