Бој Џорџ ја поддржа поранешната соработничка Тамара
Лавина од реакции и еуфорија кај македонската јавност се случи откако светски познатиот музичар Бој Џорџ на твитер даде поддршка за настапот и песната на Тамара на Евровизија.
„Македонија е мојот фаворит“, напиша англискиот музичар и диџеј кој најдобро го знаеме по некогашниот бенд „Калчр клаб“.
Во 2007 година Бој Џорџ настапуваше во Метрополис арената во Скопје. Тогаш се претстави со негов диџеј сет, а настанот беше во организација на промотерската куќа „КЛС“. Резидент диџеи пред неговиот настап беа Роботек и Зоки Бејбе. На тој настап со него во живо запеа и Тамара Тодевска.