Боб Дилан го продаде снимениот музички каталог на Сони мјузик
Сони мјузик го купи целиот снимен музички каталог на Боб Дилан, објави компанијата во понеделникот.
„Колумбија рекордс и Роб Стрингер не беа ништо друго освен добри за мене многу, многу години и многу плочи “, рече Дилан во изјавата. „Мило ми е што сите мои снимки можат да останат таму каде што припаѓаат“.
Договорот ги вклучува сите претходни албуми на славниот пејач кои датираат од 1962 година, како и правата за повеќе идни изданија. Договорот беше заклучен во јули 2021 година и се проценува дека вреди помеѓу 150 и 200 милиони долари, според „Вараети“.
„Колумбија рекордс има посебен однос со Боб Дилан од почетокот на неговата кариера и ние сме неверојатно горди и возбудени што продолжуваме да растеме и да го развиваме нашето тековно 60-годишно партнерство“, рече Роб Стрингер, претседател на Сони мјузик. „Боб е една од најголемите музички икони и уметник со незаменлив гениј.
Веста за купувањето доаѓа околу две години откако Дилан ги продаде своите авторски права во 2020 година на Јуниверзал мјузик во договор кој се проценува на околу 300 милиони долари, според „Њујорк тајмс“.
Дилан (80) е еден од многуте постари музичари кои ги продадоа правата на нивните каталози во последниве години. Многумина во индустријата шпекулираат дека овие продажби се дел од планирањето на имотот на овие уметници.
Каталозите на песни се вредни средства, но бараат опширно управување, нешто со кое наследниците честопати не се опремени да се справат.