Блумберг: Турција поднесе барање за членство во БРИКС


Турција официјално побара членство во БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат изворите.

„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку истовремено ги подобри односите со Истокот и Западот. Секој друг метод нема да биде од корист за Турција, туку ќе и наштети“, рече Ердоган за време на викендот.