Бизнис стил: Чистата елеганција на Бежоска и Ангеловска
Дами ги водат финансиите во државата. Првата официјална, но срдечна средба денес меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска освен заклучокот дека двете институции и натаму ќе соработуваат на високо ниво, беше и стилски двобој. И двете бизнис дами го положија модниот испит пред јавноста со изборот на црно-белата гардероба која го почитува бизнис дрес-кодот, но воедно има и женствена нота.
Министерката за финансии избрала посериозна комбинација-црно сако со панталони и салонки во боја на кожа, додека гувернерката на Народната банка, бизнис стилот со бело сако го освежи со марама со точки кој е актуелен тренд.
Бизнис елитата овде и низ светот, особено претставниците на машкиот пол се секогаш дотерани со квалитетни костуми, кошули и вратоврск,и со удобни и класични чевли, и секогаш промовираат здрав изглед и топ-форма. Дамите од бизнис елитата во светот не прават импровизации, држејќи се до мотото-едноставното и класичното е најдобро. Во Македонија дамите од бизнис секторот, сведоци сме, знаат да направат моден излет кој отскокнува од деловниот изглед, па наместо хулакопки во боја на кожа преку ден да изберат во црна нијанса, или прекратко здолниште.
Л. Сабит