Бизарно и храбро- црвениот ќилим на „Греми“ (галерија)

САД– Во Лас Вегас синоќа се собраа музичките ѕвезди за да ги прослават најголемите музички достигнувања во годината.

Откако ја намалија церемонијата минатата година поради Ковид-19, Греми се одлучија за целосна прослава во ГМ Гранд Гарден Арената во Лас Вегас.

Една од најдобрите работи за црвениот ќилим на Греми е тоа што во суштина, сè оди. Уметниците се охрабруваат да изгледаат што е можно похрабро и бизарно, за разлика од црвениот ќилим на Оскарите или Еми каде традиционалниот холивудски гламур е норма.