Битолчани што се против депонијата влегоа во Советот на општината додека се одржуваше седница     


Петмина битолчани кои протестираат против депонија во Пелагонија влегоа на седница на Советот на општина Битола додека се расправаше за завршните сметки на јавните претпријатија и извештаите за работа.

Протестантите во салата влегоа придружувани од полицијата и мирно седнаa во публиката со мали транспаренти „Стоп за депонија“.

 

 

Останатите граѓани останаа да протестираат пред зградата на Општина Битола. Протестантите имаа една порака дислокација на центарот за управување со отпад најавен со локација во општина Новаци. На протестот зборуваше советникот на Левица, Горан Велевски, кој рече дека дава поддршка на незадволните граѓани, иако на порано гласаше за изградба на регионалната депонија. Тој не сакал протестот да се политизира. (А.Б.)