Битиќи: Финансиската поддршка на плати продолжува
Стопанските комори, работодавачите и другите бараат од Владата да продолжи субвенционирање на плати како мерка за превенција од ковид кризата, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, рече дека таа поддршка нема да прекине.
– Финансиска поддршка за плати никогаш не е кажано дека ќе сопре. Финансиска поддршка за плати ќе има. Моделот кој ќе го прифатиме ќе биде тема на дискусии – рече Битиќи на прес-конференција за промоција на јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР.
Појасни дека, кога финансиската поддршка за плати беше воведена во април 128.000 вработени биле поддржани со таа мерка.
-Тогаш беше кажано дека ќе се поддржат претпријатија кои имаат 30 отсто пад во работењето. Ако финансиското работење на претпријатијата кои биле поддржани, а на крајот на годината имале добивка, ќе треба да вратат некоја сума. Таа поддршка продолжи во следните месеци, а бројот на вработени кои беа поддржани, опаѓаше од месец во месец – појасни Битиќи.
– Кумулативно, ние во финансиската поддршка на компаниите кои имаат пад од 80 отсто им дадовме поддршка во износ од минимална плата односно 22.000 денари. Команиите кои тоа го добија се на ниво на статистичка грешка односно 3-5 отсто – додаде Битиќи.