Били Ајлиш ќе ја пее бондовската песна на Оскарите в недела


САД –  Братот и сестрата, добитници на Греми, Били Ајлиш (20) и Финес О’Конел (24) ќе ја изведат нивната песна номинирана за Оскар „No Time to Die“, од истоимениот филм за Џејмс Бонд, за време на 94-тата церемонија на Оскарите во недела навечер, објави Холивуд Репортер .

Тие се сметаат за фаворити да ја однесат статуетката Оскар за најдобра оригинална песна, откако веќе ги добија наградите Златен глобус, Избор на критичарите, Греми и Здружение на композитори и текстописци.

Во текот на изминатата деценија, две други песни на Бонд освоија Оскар: „Skyfall“ на Адел од Skyfall од 2012 година и „Writing’s on the Wall“ на Сем Смит од Spectre од 2015 година.