Билетот во Зоолошка поскапува, оти слоновите и шимпанзото јаделе многу
Поскапувањето на билетот во скопскиот ЗОО-парк од 50 на 80 денари, беше изгласано на вчерашната седница на Советот на град Скопје.
– Зоолошката има трошоци, слоновите јадат многу, исто како и шимпанзото, објасни директорот на зоолошката градина Ѓорги Галетановски по однос на точката со која се предвидува поскап билет за влез во зоолошката градина.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа против зголемувањето на цената, кое го изгласа мнозинството на градот Скопје.
-Ваквата цена значи ограбување на граѓаните и тоа удирајќи по најболната точка, децата истакна Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Петре Шилегов најави дека зоолошката градина ќе има нови содржини, побогати и дека тоа мора да се одржува со цел институцијата да не биде доведена до егзистенцијалните минимални граници.
Советникот од ГРОМ Александар Трајановски праша дали во новиот концепт на зоолошката се предвидуваат нови угостителски објекти кои можеби им се ветени на некои структури?
Инаку, влезот за деца до три години ќе остане бесплатен, а новите цени за Зоолошката градина треба да стапат во сила на почетокот на јуни.
Поскапувањето се должи поради зголемените трошоци со проширувањето на содржините и новите животни.
Летоска дополнително ќе се доплаќа влезот во паркот на диносауруси, кој ќе чини 50 денари, и во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни и посетителите таму ќе треба да платат плус 20 денари.
Летоска дополнително ќе се доплаќа влезот во паркот на диносауруси, кој ќе чини 50 денари, и во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни и посетителите таму ќе треба да платат плус 20 денари.