Бил Гејтс откри кога верува дека ќе се вратиме во нормала, но и кој ќе се врати последен


Книгата на Бил Гејтс „Како да се избегне климатска катастрофа“ (How to Avoid a Climate Disaster) се искачи на првото место на листата на бестселери на Њујорк тајмс каде што е веќе три недели. Самиот Гејтс вели: „Тоа е океј за книга за климатски промени“

Бил Гејтс е всушност оптимист во врска со борбата на човештвото против климатските промени.

„Можете да ме обвинете дека сум општо оптимистичка личност“, вели тој и го забележува своето карактеристично минато како личност која го напуштила училиштето, основала успешна технолошка компанија, има своја фондација, која исто така работи одлично. „Тоа ве турка на листата ‘вау-што-се -може-да-се-направи’“, вели Гејтс.

Но, климатските промени, односно борбата против нив, признава тој, не само што е различна, туку е многу потешка, пишува Wired.

„Во врска со тоа најмногу сум загрижен за политичката волја за решавање на овој проблем“, посочува Гејтс, при што особено мисли на младите републиканци и нивното постаро раководство, кои заедно заостануваат во препознавањето на овој проблем.

Тој исто така смета дека треба да се донесат долгорочни политички одлуки што ќе ги принудат големите индустрии драматично да инвестираат во сопствената инфраструктура.

Во својата книга, Гејтс се занимава со проблемот на негирање на проблемот со климатските промени само во последните две страници од последното поглавје, односно се чини дека тој дури и адекватно не го допрел овој проблем во книгата. Гејтс објаснува зошто.

„На некој начин, се насочував повеќе кон луѓе кои сметаат дека проблемот е лесен за решавање, отколку кон луѓе кои мислат дека воопшто нема проблем. Имате четири табори: Во првиот велат дека нема проблем. Во другиот, велат дека има проблем, но лесно е да се реши. Во третиот табор веруваат дека овој проблем е невозможен да се реши и дека сепак треба да продолжиме со истото темпо. Во четвртиот ме имате мене кој вели: а) важно е; б) тоа е многу, многу тежок проблем и в) не е толку тежок за воопшто да немаме шанса да го решиме“, вели Гејтс.

Говорејќи на примерот на електрични возила, Гејтс верува дека во следните 15 години емисиите во сегментот на возила може да достигнат до нула, со оглед на тоа што нивната цена ќе падне, ќе има повеќе станици за полнење и времето на полнење ќе се сведе на само 15 минути, пренесува порталот Зимо.

Гејтс дава по малку неочекуван одговор на прашањето за криптовалутите (биткоин) и проблемот со прекумерна потрошувачка на електрична енергија предизвикана од таканареченото рударее на криптовалути и дали на ова може да се гледа како чекор назад од климатолошка гледна точка.

„Моите критики кон биткоинот всушност не се насочени кон големата потрошувачка на енергија. Верувам во дигитални валути за пониски трансакциски трошоци, а биткоинот не го стори тоа затоа што не можете да го искеширате. Овие биткоин момци не сторија ништо, можеби само за откуп при киднапирање или за некои трансакциски трошоци поврзани со дрога, односно наркотици“, вели Гејтс.

Гејтс во книгата накратко го споменува и геоинженерингот како решение за климатските промени.

„Во моментов, најголемата дебата е дали треба да се дозволат и најмалите експерименти со ова или воопшто не треба да се приближуваме до тоа. Тоа е многу контроверзно“, вели Гејтс.

„Јас тоа нема да го поттикнувам. Туркам порационални работи, како што е ‘… еј, само променете го начинот на производство на челик. Да преминеме на евтин, зелен водород’. Инвестирав неколку милиони во геоинженеринг, а вкупно инвестирав околу две милијарди долари. Јас губам повеќе пари за компании кои произведуваат батерии сто пати отколку што вложувам во геоинженеринг. Финансирав модел на зелена енергија со отворен пристап. Финансирав нуклеарна фузија“, посочува Гејтс.

Тој се согласува дека човештвото заостанува во решавањето на проблемот со климатските промени, но исто така прецизира колку доцнела реакцијата.

„Таа пристигна во извесна смисла 20 години предоцна. Оваа акција ја видов само преку она што го гледам во Африка, во смисла на тоа колку е тешко да се има земјоделство таму и начинот на размислување, без разлика дали навистина треба да се справиме со овие комплексни ограничувања што доаѓаат со климатските промени. Многу сум среќен што луѓето ме воведоа во овој проблем“, вели Гејтс.

Во интервјуто, Гејтс беше запрашан и за пандемијата КОВИД-19, односно кога верува дека светот ќе се врати на одење на конференции во живо и гледање филмови во кината.

„Оваа есен веќе ќе се чувствуваме многу понормално. Јас би бил шокиран ако има значителен број училишта кои сè уште спроведуваат учење на далечина. Сè уште треба да го добиеме нивото на прифаќање на вакцините во заедници со ниски примања и кај луѓе со други бои на кожа. Треба да покажеме дека нашите најпаметни луѓе примаат вакцина и дека таа дава ефект. Мислам дека тоа го прави оваа администрација. Но, дури и ако добиеме повисоко ниво на вакцинација, нема да се вратиме целосно на старото. Во остатокот од светот, такво ниво на вакцинација можеби ќе се достигне на крајот на 2022 година. Некогогаш требаше да поминат 20 години за вакцините да пристигнат од богатиот дел од светот во земјите во развој. Ситуацијата сега е подобра, но се уште не е доволно добро“, вели Гејтс