Бил Гејтс ја мажи најстарата ќерка-семејството се собра во Њујорк
САД- Бил Гејтс (65) е подготвен да ја испрати најстарата ќерка до олтарот.
Милијардерот ко-основач на Мајкрософт беше виден како пристигнува во Њујорк пред свадбата на Џенифер (25) со Најел Насар (30) викендов.
Бил беше фотографиран како се смее додека излегува од хеликоптер заедно со членовите на семејството.
Неговото пристигнување дојде еден ден откако Џенифер и мајка ѝ Мелинда Гејтс (57) беа видени заедно на шопинг во Њујорк.
„Тие ги започнаа прославите вчера во N.Y.C.“, изјави извор претходно за „Пипл“. Џенифер вчера беше со своето семејство и пријателите, а Најел со неговите.
„Двајцата изгледаат многу возбудени за нивната свадбена недела“, додаде изворот. „Ќе биде голема свадба.
Џенифер, дипломец на Станфорд, која во моментов е кандидат за доктор во болницата Синај,ја објави својата свршувачка во јануари 2020 година.
“Едвај чекам да го поминеме остатокот од животот учејќи, растејќи, смеејќи се и сакајќи заедно. Да, милион пати повеќе”, ја напиша Џенифер својата објава на социјалните мрежи, раскажувајќи за запросувањето кое се случи на романтично патување.
„Се чувствувам како најсреќниот човек на светот во моментов“, напиша Насер, професионален јавач на коњи кој настапи на Олимписките игри во Токио, во својата објава. “Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш и ти благодарам што направи секој ден да ми се чини како сон!”
Бил и Мелинда Гејтс се разведоа во август по 27 години затоа што „повеќе не веруваат дека можеме да растеме како двојка во следната фаза од животот“.Тие имаат уште еден син Рори (22) и ќерка Феб (19).