БиХ: Вработен во гимназија пукал во директорот, секретарката и професорка, три лица загинаа
Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка.
Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил – директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството.
Злосторството се случило во зграда што ја делат гимназијата „Сански мост“ и гимназијата „Сански мост“.
Според локалните медиуми , извршителот на злосторството си пукал во главата и е пренесен во тешка состојба болницата во Сански Мост. Пред извесно време против него била поднесена дисциплинска мерка и имал несогласувања со училишното раководство.
Сански Мост се наоѓа на 360 км северно од Сараево