БиХ и Чешка по изведување пенали до финале на баражот за СП 2026
Репрезентациите на Босна и Херцеговина и на Чешка по изведувањето на пенали успеаја да се пласираат во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. Босна и Херцеговина на гости против Велс изедначи во финишот на дуелот со голот на Един Џеко, а потоа беа поуспешни „пеналџии“.
Слична беше ситуацијата и на дуелот во Прага. Чешка изедначи во финишот и се избори за продолженија и пенали и на крајот славеше победа.
Резултати од бараж дуелите:
Велс – БиХ 1:1 – 2:4 на пенали,
Италија – Северна Ирска 2:0
Украина – Шведска 1:3,
Полска – Албанија 2:1,
Словачка – Косово 3:4,
Турција – Романија 1:0,
Данска – С.Македонија 4:0
Чешка – Република Ирска 2:2 – 4:3 на пенали.
На 31.март се играат финалните бараж дуели, а двојките се: БиХ – Италија (се игра во Зеница), Шведска – Полска (се игра во Стокхолм), Косово – Турција (се игра во Приштина) и Чешка – Данска (се игра во Прага).