Бич барови на грчкиот остров Тинос незаконски зазеле простор од 3.000 метри квадратни


При контролите извршени на три популарни плажи на грчкиот остров Тинос биле откриено дека пет бич барови незаконско зазеле простор од 3.000 метри квадратни со поставени чадори, лежалки како и специјални дрвени конструкции, соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција , јави дописничката на МИА од Атина. 

Контролите што ги вршат надлежните служби во присуство на обвинител се во тек од вчера, се спроведуваат на плажите и туристичките бизниси, а веќе е уапсено и едно лице поради неусогласување по претходно направен прекршок .

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција објавија фотографии од една од плажите на која нелегално биле поставени лежалки и дрвени конструкции, а веќе е завршен процесот на отстранување на дивоградбите и предметите од плажата, а паралелно се изрекуваат и пропишаните административни казни и во некои случаи веќе се издадени соодветните протоколи за уривање. ср/рп/