БГНЕС: Моштите на Св. Кирил и Методиј донесени во Бугарија од Света Гора
Денеска продолжува богослужбата пред моштите на светите браќа Кирил и Методиј во митрополитскиот соборен храм „Света недела“ во Бугарија. До доцна вчера илјадници верници чекале пред храмот за да им се поклонат на моштите на светците, јави БГНЕС.
Моштите на просветителите Кирил и Методиј, според БГНЕС, пристигнале од Света Гора, од претставништвото на манастирот Есфигмен во Кареја и ќе останат во Софија до 25 мај напладне.
На крајот од богослужбата, епископот Поликарп истакна дека живеат историски настан – ги пречекуваат во Бугарија моштите на светите браќа Кирил и Методиј. Тој потсети на исклучителните заслуги на браќата од Солун „за духовноста на бугарската нација и на словенските народи“.
„Нашата азбука е дело на светци, затоа е запаметена и позната кај сите. Нека овој свет дух остане во нашите животи! Господ преку молитвите на светите браќа Кирил и Методиј да нè благослови, укрепи и направи навистинада сме благодарни за даровите што ни ги дал..“, порача владиката.
Овој настан предизвика вчера потсмев во јавноста во Македонија бидејќи според научните сознанија нема мошти на светите браќа во Света Гора.