БГНЕС: Белград креирал црни листи за антисрпски „ѓубриња“ од странство


„Јас лично ги составив списоците на лица кои не треба да се пропуштаат на територијата на Србија“.

Ова го изјави српскиот вицепремиер Александар Вулин. Тоа го направи додека беше министер за полиција и директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Изјавата на Вулин уследи по приведувањето на хрватската пејачка Северина  на српската граница. Во оваа насока, вицепремиерот жали што не посветил повеќе време на овие списоци.

„Сите ѓубриња кои мислат дека Србите немаат ниту држава ниту самопочит, можат да се уверат во спротивното кога на нашите граници ќе им кажат дека не се добредојдени. Некои затоа што пееја за масакрот на Србите од Ориќ на Божиќ, други затоа што ни ги тепаа децата на концерти, а на мрежите ја пцуеја мајката Србинка, пееја дека никој ништо не им може затоа што: „Ние сме посилни од Србија“. Се бунтуваа додека ги покажуваа симболите на голема Албанија“.

Во списоците што јас лично ги составив како министер за полиција и како директор на БИА и по наредба ги предадов на надлежните органи, имаше странски државјани кои дојдоа во Србија да учествуваат во насилните протести, но и нарко босови од кои уште стравуваат од Сараево до Приштина и Скопје. Во Србија им ги запленивме автомобилите и ги вративме пеш преку граница“, рече Вулин.  БГНЕС