Безживотно тело пронајдено во Охридското Езеро кај Струга


Фото: Б. Грданоски

Во водите на Охридското Езеро, на струшкото крајбрежје, вчера попладне било пронајдено безживотно тело на маж, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 19 јули 2025 година, околу 16:30 часот во ОВР Струга. По преземените мерки и извршениот увид, било утврдено дека станува збор за К.И. (49) од селото Волино, општина Дебрца.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.