Без вода утре дел од општина Центар

Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Центар, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснуваат, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Киро Крстевски Платник“, дел од корисниците на оваа улица ќе бидат со прекинато водоснабдување.
Според најавеното, вода за пиење ќе нема од девет часот до санирање на дефектот.