Без вода улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Чаир


Фото: Б. Грданоски

 Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Општина Чаир, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. 

Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улица „Јосиф Михајловиќ“ бб, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.