Без вода Филхармонија, средното музичко училиште, Министерство за транспорт


Музичко училиште - Скопје (Фото: Б. Грданоски)

Поради уличен дефект на ул. „Црвена скопска општина“ 58, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектите на Министерството за транспорт и врски, средното музичко училиште, Филхармонија и Сојуз на сметководители и ревизори.