Без вода делови од Припор и Аеродром
Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб (во близина на резервоарот) во општина Кисела Вода.
Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Од 10 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и неколку објекти во непосресредна близина на маркет „Зур“ во Аеродром поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на ул. „Коста Новаковиќ“.
-Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирањето на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје.