Бесент: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари


Скот Бесент

САД собраа речиси 100 милијарди долари приходи од царина, објави вчера секретарот за финансии Скот Бесент.

-Се приближуваме до 100 милијарди долари. Мислам дека годишните приходи би можеле да достигнат 300 милијарди долари, рече Бесант во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс Бизнис кога беше прашан за моменталното ниво на приходи од царина.

Бесент претходно посочи на можноста за достигнување на 300 милијарди долари приходи до крајот на годината. Сè уште не е јасно на кој конкретен период мислеше секретарот за финансии на САД кога ја спомена бројката од речиси 100 милијарди долари. Бесент нагласи дека приходите од царина се зголемија во јуни, но без да прецизира конкретна бројка.