Берлускони повторно во болница
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска повторно заврши во болница поради последиците од Ковид-19, едвај десет дена откако беше отпуштен на 1 мај.
Берлускони (84) ноќеска бил примен во миланската болница „Сан Рафаеле“, потврдија извори од неговата партија Форца Италија.
Од истата болница тој излезе на 1 мај, по три недели лекување, исто така за санирање на последиците од долгиот Ковид, кој го заработи уште лани во септември. Тогаш заболе со тешка инфекција на белите дробови предизвикана од Ковид-19.
Берлускони во 2016 година беше на операција на срцето, а последните месеци во повеќе наврати беше хоспитализиран поради разни причини, од несвестица до проблеми со срцева артимија.