Бериша му се извини на Влен, Рама се однесувал како „Лукашенко од Белорусија“
Лидерот на албанската Демократска партија (ДП), Сали Бериша, остро го осуди задржувањето на функционери од Влен на граничниот премин Ќафасан. За постапката, Бериша ги обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бесфорт Љамалари.
Извинувајќи се во име на Албанците на сите Албанци од Северна Македонија и на граѓаните на оваа земја, на Влен и на сите нејзини прретставници, Бериша посочи дека неговата партија ДП, најостро го осудува овој, како што вели, грд чин на Еди Рама и на неговиот антиалбански марионетски министер за внатрешни работи.
„Овој чин е сериозен удар врз добрососедството со соседната земја и претставува вулгарен обид да се обвинат соседите и другите за најмоќниот граѓански младински протест во земјата во последните 35 години. Со овој чин, наркодиктаторот на Тирана се однесува во регионот на идентичен начин како Лукашенко од Белорусија и поранешниот диктатор на Венецуела, сега во лисици, Мадуро. Грдо дело. Му гарантирам на Еди Рама дека неговата казна е без спас, без враќање. Нека ги затвори границите од сите четири страни, но Албанците дефинитивно му го отсекоа патот“, порача Бериша.