Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз „Мајкрософт ексчејнџ“


Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз системот за електронска пошта „Мајкрософт ексчејнџ“ (Microsoft Exchange).

– Ова е активна закана. Сите кои ги користат нивните сервери, од Владата и образовните институции до приватниот сектор, мора да бидат внимателни, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Мајкрософт“ потврди дека хакери ги искористиле нивните сервери за да нападнат свои мети, а се претпоставува дека на удар се десетици илјади организации.

Според американските медиуми зад хакерскиот напад стои Кина.

САД подолго време ја оббвинува Кина за кибер шпионажа, додека Пекинг негира.