Бела куќа: Хамас ја избра војната со одбивањето да ги ослободи заложниците

Белата куќа соопшти дека групата Хамас избрала војна со тоа што одбила да ги ослободи заложниците во Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.
Израел во текот на ноќта ги изврши најинтензивните напади врз енклавата од 19 јануари, кога стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа.
-Хамас можеше да ги ослободи заложниците за да го продолжи примирјето, но одби и избра војна, рече Брајан Хјуз, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД во соопштението.
Според Министерството за здравство во Газа, контролирано од Хамас, во нападите загинале над 400 луѓе, а над 500 се повредени.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ги наредил нападите поради недостигот на напредок во разговорите за продолжување на примирјето.
Официјални лица изјавија дека операцијата не е ограничена со рок и се очекува да се прошири.
Белата куќа соопшти дека се консултирала со Нетанјаху и изразила поддршка за акциите на Израел.