БЕГ барала да поскапи парното греење
До крајот на неделава ќе се знае каква корекција ќе претрпи цената на парното греење за наредната година. Според информациите, БЕГ бара тоа да поскапи поради финансиската дупка што ја има по одлуката да не плаќаат исклучените во системот, која се однесува на 10.000 домакинства наспроти вкупно приклучените 50.000.
Според сознанијата на порталот „Фактор“, цената на парното сепак нема да се зголеми.Во текот на претстојнава недела Регулаторната комисија за енергетика треба да ги разгледува забелешките од Балкан енерџи груп.Вообичаено секоја година нова цена на парното се утврдува на крајот на јули, но сега тоа ќе се случи во август, токму поради големиот број забелешки од компанијата. Да не порасне цената ќе помогне најверојатно намалувањето на данокот на додадена вредност за топлинската енергија. Од минатата година греењето преку БЕГ поевтини за 6 проценти.
Во април годинава Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука граѓаните кои се погодени од корона кризата, сметките за март, април и мај да ги плаќаат на рати и без камата доколку имаат минимални приходи во своите домови. За голем број граѓани, околу 99 отсто, тоа значеше намалување на сметките за околу 20 отсто за овие три месеци.