Бебе донесено починато на скопската Детска клиника

Бебе вчера било донесено починато на скопската Детска клиника.
– На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот, информираа од полицијата.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција.