БДП порасна за 4,3 отсто во второто тримесечје, мотор градежништвото
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2026 година е 4,3 отсто.
Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9 отсто и од 5,1 отсто во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за
7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14,5 отсто како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4,0 проценти.