БДП лани се зголемил за 3,8 отсто, по жител бил 9.859 евра
Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година, во однос на 2024 година, e 3.8 отсто, објави денес Државниот завод за статистика. По жител изнесувал 9.859 евра. Сртанува збор за претходни податоци.
Како што се посочува во соопштението, БДП во 2025 година изнесувал 1.105.239 милиони денари и во однос на 2024 година е номинално зголемен за 7,1 отсто.
Најголемо учество во додадената вредност со 19,9 отсто во структурата на БДП во 2025 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Забележителен придонес во остварениот раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година имаа бруто-инвестициите во основни средства, кои забележаа номинален пораст од 9,6 отсто.
Финалната потрошувачка во 2025 година во структурата на БДП учествува со 80,7 отсто.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2025 година e 60,8 отсто.