Барселона потпиша договор со Египќанецот Абделкарим
Шпанскиот првак Барселона го потпиша тригодишен договор со египетскиот напаѓач Хамза Абделкарим, објави денеска клубот од Ла Лига.
Осумнаесетгодишниот египетски репрезентативец дојде во Барселона како позајмен фудбалер од Ал Ахли во зимскиот преоден рок, со опција за откуп на крајот од сезоната. Абделкарим постигна шест гола во 11 настапи за тимот до 19 години на Барселона
„Барселона го информираше Ал Ахли дека ја искористи својата опција за откуп на договорот на Хамза Абделкарим. Египетскиот напаѓач ќе се приклучи на клубот на трајна основа и ќе потпише договор за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година“, се вели во соопштението.
Абделкарим настапи на двата воведни натпревари на Египет на Светското првенство, против Белгија и Нов Зеланд.