Барон Трамп излегува од сенката на Меланија: Ретро изглед со патриотска порака
САД– Барон Трамп (14) овој викенд се појави во јавноста откако пристигна во Белата куќа со неговите родители- Претседателот Доналд Трамп и Меланија Трамп од патувањето во Њу Џерси.
Изгледаше кул во ретро-инспирирана облека која изгледаше директно од 1950-тите, со бомбер јакна со јака во црвена, бела и сино боја над класична бела маица и црни фармерки. Патриотската јакна е на брендот Монклер со цена од 775 американски долари на EndClothing.com.
Тинејџерот го промени својот стил кога станува збор за обувки. Обично забележан во поочекувани дизајни на патики на New Бланс, Барон се одлучи за поизразени патики од црна кожа.
Третиот син од третиот брак на Трамп растеше пред очите на нацијата. Наскоро со висината ќе го надмине татко си. Во ретките појавувања во јавноста Барон носеше еден пар на чевли патики New Бланс 574 . Го избираше класичниот стил уште од моментот кога неговиот татко ја презеде функцијата.