Барние ќе се трка против Макрон на претседателските избори


Мишел Барние, поранешниот преговарач на ЕУ за Брегзит, најави дека сака да се кандидира на претседателските избори во Франција следната година.

„Во овие тешки времиња, ја донесов одлуката и решен сум да застанам и да бидам претседател на Франција што е помирена, што ги почитува Французите и Франција што е почитувана“, рече тој во интервју за француската телевизија ТВ1.

Мишел Барние двапати беше еврокомесар и држеше министерски позиции во неговата долга кариера.