Барак Обама објави листа на неговите омилени песни, книги и филмови во 2022


САД- Поранешниот претседател Барак Обама се држеше до годишната традиција во петокот, објавувајќи листа на неговите омилени за 2022 година, вклучувајќи филмови и книги, објави Си-ен-ен.

„Секогаш со нетрпение очекувам да ги споделам моите списоци со омилени книги, филмови и музика со сите вас“, напиша Обама на Твитер. „Прво, еве некои од книгите што ги прочитав и во кои уживав оваа година. Кажете ми кои книги треба да ги проверам во 2023 година“.

Меѓу неговите омилени пишани дела, Обама ги наведе „Училиштето за добри мајки“ од Џесамин Чан и „Светлината што ја носиме“ од поранешната прва дама Мишел Обама, истакнувајќи: „Јас сум малку пристрасен за ова“.

На својата листа на омилени филмови, поранешниот претседател ги вклучи „Топ Ган: Маверик“ и „Потомок“, за кои исто така истакна дека е „пристрасен“ бидејќи документарецот на Нетфликс го продуцираше компанијата „Хајер граунд продукција“ основана од Обама.

„Видов неколку одлични филмови оваа година – еве некои од моите омилени. Што пропуштив?“ Напиша Обама во друг твит.

Граѓаните на социјалните мрежи брзо истакнаа дека Обама не го оставил на листата еден од филмовите со најголема заработка на годината: „Црн пантер: Ваканда засекогаш“. Хитот на Марвел и продолжението на „Црниот пантер“ од 2018 година се најде на второто место зад „Топ Ган: Маверик“ во заработката на бокс офисот оваа година, со што само на домашниот бокс офис донесе повеќе од 421 милион долари од неговото објавување во ноември, според „Бокс офис“.  „Black Panther“ се најде на листата на омилени филмови на Обама во 2018 година.

Кога станува збор за омилената музика на 44-от претседател за годината, на листата се најдоа песни од Бијонсе и Лизо.