Банкарот Пан Гуншен е нов гувернер на Народната банка на Кина


Банкарот и финансиер Пан Гуншен денеска беше назначен за гувернер на Народната банка на Кина. Тој ја презема функцијата од претходниот гувернер на Централната банка на Кина, Ји Ган, кој ја предводеше пет години.

Пан, кој овој месец наполни 60 години, претходно беше заменик-гувернер на Народната банка на Кина. Тој е ветеран на кинескиот банкарски сектор, над кој државата има силна контрола. Неговото издигнување на оваа функција беше објавено откако неодамна беше назначен за партиски секретар на централната банка, а на 8 јули се сретна со американскиот министер за финансии Џенет Јелен за време на нејзината посета на Кина.

Пан Гуншен е доктор по економски науки на Универзитетот Ренмин во Пекинг и учествувал во истражувачки проекти на Кембриџ и Харвард.

Гувернерот на Народната банка на Кина е најмоќната фигура во кинеските финансиски кругови, но неговите овластувања се ограничени, бидејќи Централната банка на земјата е контролирана од Кинеската комунистичка партија, јавуваат светските агенции.