Банка по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 кориснички сметки


 

Банката Сантандер од Бостон по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненади сопствениците на сметките на божиќното утро, кои не знаеле кој ги уплатил парите.

Вработените во банката се обидуваат да ги вратат парите, но го отежнува фактот што голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки, јави денеска Хина.

Грешката настанала  кога двапати беа објавени плаќања од 2.000 деловни сметки.
Во соопштението на банката се наведува дека се водат разговори со банките кои ги примиле плаќањата, Беркли, ХСБЦ, Нетвест, Кооператив банка и Вирџин Мани банка.

Тие банки навеле, се додава во соопштението, дека „ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на своите клиенти“.

Не се знае, меѓутоа, како ќе постапат банките во случај нивните корисници веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски минус на сметките.

Сантандер банка навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно да контактираат со луѓето за да им ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.