Бајден предложи веќе одбиен кандидат за амбасадор во Албанија


 

 Американскиот претседател Џо Бајден повторно го предложи Дејвид Џ. Костеланчик за амбасадор на СAД во Албанија, иако деновиве неговото наименување го одби Сенатот. Овој повторен предлог доаѓа откако на 4 јануари Сенатот не го одобри наименувањето на Костеланџик за амбасадор на САД во Албанија, поради пречекорување на роковите.

Него на функцијата амбасадор на САД во Албанија, Бајден го предложи во јануари минатата година а два месеца подоцна  тој ги претстави своите приоритети пред Комисијата за надворешни односи на Сенатот. Во април, Комитетот гласаше за негово потврдување, но целосното гласање во Сенатот не се одржа.

Костеланчик има 30-годишна кариера. Во Албанија служеше уште порано во периодот 1992-1994 година, како прв претставник за политички и економски прашања во новоотворената американска амбасада во Тирана.Моментно работи како советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили. Претходно бил заменик-шеф на мисијата и две години вршител на должност во амбасадата на САД во Будимпешта, Унгарија.Бил директор на Канцеларијата за прашања на Јужна Централна Европа и директор на Канцеларијата за руски прашања во Бирото за европски и евроазиски прашања, како и директор на Канцеларијата за Европа и Азија во Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот. Двапати бил дел од американската амбасада во Москва а служел и во мисиите на САД во ОБСЕ и НАТО, како и во Анкара, Турција. Зборува руски, унгарски, албански и турски јазик.

Костеланчик не е единствениот кој чекаше една година и не замина се уште како амбасадор на САД. Во Конгресот со месеци трае процедурата за избор на амбасадорите поради блокадите на републиканците, а во еден случај блокирањето на 60 амбасадори беше оправдано со немањето одговор  – за потеклото на Ковид 19.

Повеќето блокади немаат врска со кандидатите бидејќи главно станува збор за професионални дипломати. И тоа не е се: во Конгресот се блокирани именувања и на околу 300 кандидати за позиции во одбраната што се предложени од Пентагон, а републиканец, поранеше фудбалски тренер а сега сенатор, ги блокира потврдувањата бидејќи не се согласува со политиката на Министерството за одбарана за абортусот.

Во моментов САД немаат амбасадор и во Израел, како и луже на врвни командни позиции во воените сили на Блискиот Исток. Некои од номинираните амбасадори чекаат и до 20 месеци да заврши постапката за нивен избор во Конгресот. Ваквите именувања претходно беа рутински во САД, со ретки исклучоци. За именувањата е потребна едногласност, па ако еден сенатор се противи, барањето е одбиено.