Бајден нема да присуствува на светскиот самит за климата во Дубаи


Американскиот претседател Џо Бајден нема да учествува на глобалниот климатски самит на ОН COP28 во Дубаи оваа недела, изјави денеска американски претставник.

Агенцијата минатиот месец објави дека Бајден најверојатно нема да присуствува на самитот COP28, кој започнува во четврток, бидејќи е принуден да ја балансира својата посветеност на војната на Блискиот Исток и кампањата за претседателските избори, која се очекува да се вжешти во јануари. 

Распоредот на американскиот претседател за четврток, објавен од Белата куќа, вклучува средба со претседателот на Ангола, Жоао Лоренцо и учество на церемонијата на палење на Националното дрво.

Десетици земји се очекува да се залагаат за првиот глобален договор за постепено укинување на јагленот, нафтата и гасот на самитот во Дубаи.

Бајден присуствуваше на двата претходни состаноци на COP спонзорирани од ОН откако го презеде претседателството во 2021 година.