Бајден го номинираше Марк Гитенштајн за амбасадор во ЕУ


Американскиот претседател Џо Бајден ќе го номинира Марк Гитенштајн (74), поранешен амбасадор во Романија и негов долгогодишен соработник, за пратеник на Вашингтон во Европската унија, објави во вторникот Белата куќа.

Бајден, исто така, ја објави својата намера да предложи уште четири лица на амбасадорски позиции, вклучувајќи ја и Хулиса Рејносо Панталеон да ги претставува САД во Шпанија. Рејносо сега работи како асистент на претседателот, како и шеф на кабинетот на првата дама Џил Бајден. Таа претходно беше американски амбасадор во Уругвај за време на Барак Обама.

Покрај тоа, Бајден ја одреди Патриша Махони, која во моментов работи како амбасадор на САД во Република Бенин, за да стане амбасадор во Централноафриканската Република.

Изборите на Бајден треба да бидат потврдени од Сенатот.