Back to School акција со ,,Дајте Музика”


 

Во Ист Гејт Мол за почетокот на новата училишна и работна сезона, може да се најдат најкул понуди за сè што е потребно: од нова гардероба од омилените брендови, патики, ранци, училишен прибор, лаптопи, таблети, до ново биро и столче за работна соба.

За весел старт на новата школска година, со секоја приложена сметка над 2000 денари од 29.08 до 11.09.2022 се добива подарок CD од најомилените „Дајте Музика“, со потписи од главните протагонисти Стаси, Миха, Кики и Филип. Подарокот ќе се дели се додека траат резервите, и може да се подигне од Инфо пултот на Ист Гејт Мол од 31.08, во време од 10:00-22:00 часот.

На 10.09 во сабота, го прославуваме среќниот почеток на сите ученици, со концертот на Дајте Музика со почеток од 18 часот.