Бабата на момчето убиец од Рибникар одбила да сведочи против нејзината ќерка
Мајката на обвинетата Миљана Кецмановиќ денеска беше повикана да сведочи на судењето на родителите на момчето убиец од „Рибникар“, јавија српските медиуми.
Како што дознава Курир, таа го искористила законското право да не сведочи против нејзината ќерка, односно одбила да сведочи на суд.
Како сведок требаше да се појави и дадилката која работеше во семејството Кечмановиќ, но и таа не се појави.
На денешното рочиште треба да бидат сослушани сведоците.
Како сведоци се појавиле двајца полицајци кои извршиле претрес во станот на семејството Кечмановиќ.