Автопатот Приштина – Скопје ќе се пушти во употреба на 29 мај, поканети се Заев и Рама
Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај на денешната владина седница информира за привршувањето на работите на автопатот „Арбен Џафери“, што го поврзува косовскиот главен град со границата со Северна Македонија.
Лекај потврди дека свеченоста за пуштањето во употреба на последната делница од косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје ќе се одржи на 29 мај.
Премиерот Рамуш Харадинај по седницата изјави дека за настанот се информирани надлежните институции во Северна Македонија и Албанија, а премиерите на двете земји, Зоран Заев и Еди Рама, се добредојдени доколку сакаат да присуствуваат на церемонијата.