Автомобил кој се грижи за велосипедистите


Германскиот производител „Фолксваген“ во своите модели воведува уште еден систем за помош.

Првиот модел што го доби новиот систем за помош е Volkswagen ID.7, најпрестижниот електричен модел на марката. Тоа е систем за предупредување при напуштање на возилото, кој е особено корисен во урбани услови.

Имено, при излегувањето од автомобилот, возачот и сопатникот можат да предизвикаат опасна ситуација доколку не ја проверат мртвата точка, односно околината зад себе. Велосипедистите се особено изложени на ризик, бидејќи често немаат време да застанат при ненадејно отворање на вратата од автомобилот, па лесно се случуваат несреќи.

Новиот Volkswagen систем ја следи околината и го предупредува возачот со звучен сигнал доколку не е безбедно да се отвори вратата.

Системот користи два радарски сензори сместени во предниот браник за скенирање на околината. Ако открие објект што се приближува, ќе го извести корисникот на возилото со црвено LED светло во ретровизорот.

Доколку корисникот ја повлече рачката и почне да ја отвора вратата, таа ќе биде запрена на кратко, а откако ќе се отвори вратата, ќе се активира звучен сигнал.

Системот е активен три минути откако автомобилот е паркиран и моторот е исклучен, а се однесува на совозачката врата, како и на задната странична врата.

Освен за моделот ID.7, Volkswagen ќе го снабдува овој систем како стандарден дел од опремата во новите генерации на Passat и Tiguan.

VW Golf, ID.4 и ID.5 ќе го добијат само како дополнителна дополнителна опрема.