Автобус влечел жена десетици метри, таа починала
Жена на возраст од околу 70 години починала откако автобус од приградскиот сообраќај ја влечел неколку десетици метри.
Инцидентот се случил во Србија, во Бор, а жената излегувала од автобусот, но подвижините врати ѝ ја фатиле јакната, па возачот не забележувајќи продолжил да вози.
Жената со тешки повреди префрлена е во болница, каде починала. Возачот на автобусот е приведен и одреден му е 49 часа притвор.