Австриската министерка и партнерка за танц на Путин се преселила во Русија


 

Поранешната австриски министерка за надворешни работи и танцувачки партнер на Путин, Карин Кнајсл, се пресели во Русија, пишуваат руски медиуми. Кнајсл, на чија свадба танцуваше Владимир Путин, се населила во селото Петрушово во Рјазанската област.

Кнајсл беше шеф на австриската дипломатија од декември 2017 до јуни 2019. Таа, меѓу другото, е позната и по нејзината соработка со телевизиската станица Раша тудеј. Во 2021 година таа беше назначена во надзорниот одбор на руската нафтена компанија „Роснефт“, но по војната во Украина се повлече од таа функција под притисок на јавноста. 

На 5 август Кнајсл се појавила во Петрушово на годишниот фестивал со учество на жители од околните села и јавно зборувала на руски, истакнувајќи дека сè уште има ограничено познавање на јазикот.

„Ми се допаѓа како децата се забавуваат овде. Има фантастична атмосфера, не само сега, туку секој ден. Кога гледам кокошки, патки и кози на улица, тоа е и мојот свет затоа што живеев во мало село во Австрија“, признала таа.

За време на фестивалот, Кнајсл бил особено импресионирана од настапот на момчето Костја, кое ја испеало песната наречена „Напред, Русија!“

Во интервју за руските медиуми, Кнајсл рекла дека била принудена да ја напушти Европа бидејќи никаде не била прифатена. Верувајќи дека е жртва, таа тврди дека не ѝ било дозволено да работи во Франција и не ѝ било дозволено да отвори банкарска сметка. Притисокот со кој наводно се соочила очигледно не ја научил ништо. Таа изјави дека платила за изнајмување на куќа во Петрушово уште еден месец и додала „Ќе видиме што подоцна. Не знам ништо за мојата иднина, апсолутно ништо“.

На прашањето за нејзините планови да работи во Русија, таа спомна дека добила покана од Центарот Горки на Универзитетот во Св. Петербург да предава право, како и предмети поврзани со пазарите на гас и нафта.

Кнајсл веќе беше на насловните страници во однос на Русија кога сликите од неа како танцува со Путин на нејзината венчавка во 2018 година беа распространети низ весниците ширум светот. Кнајсл, експерт за Блискиот Исток без политичка определба, беше назначена во владиниот кабинет од страна на екстремно десничарската Партија на слободата, која имаше договор за соработка со партијата Обединета Русија на Путин.