Австрија ќе ја претвори родната куќа на Хитлер во полициска станица


 

Од куќата на Адолф Хитлер ќе се отстранат сите нацистички обележја за да престане да првлекува екстремисти, најави во вторникот министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.

– Куќата во градот Браунау ќе ја преуредиме во полициска станица, рече Нехамер на конференција за медиумите.

– Полицијата е чувар на основните права и слободи – рече тој.

Трокатницата во центарот на Браунау привлекува неонацисти уште од 1950-тите години. Министерството за внатрешни работи им наложи на историчарите и политолозите да го решат проблемот.

– Исходот е неутрализација на целата локација – рече вишиот службеник во министерството Херман Феинер.

За да се постигне тоа, архитектите на фирмата „Марте“ одлучија суптилно да ја отстранат промената настаната во времето на нацистичките власти, кога приземјето стана тврдина, а беа преуредени и прозорците и покривите.

Се планира да се острани меморијалниот камен пред куќата која го негира фашизмот и веројатно ќе се премести во музеј, појасни Феинер.

Германскиот диктатор Хитлер (1889 – 1945) ги помина првите месеци од својот живот во таа зграда која подоцна ја купи Нациолналсоцијалистичката партија.

На крајот на Втората светска војна куќата е вратена на приватните сопственици, а нејзините простории се користеа како училиште и работилница за луѓе со инвалидитет.

Австрија во 2017 година одлучи да ја заплени затоа што сопственичката не се согласи на начинот на користење на таа недвижност во иднина.

Редизајнот на куќата треба да се заврши на почетокот на 2023 година.