Австрија: Карл Немахер положи заклетва како нов канцелар


Карл Немахер досега беше министер за внатрешни работи

Досегашниот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, е назначен за нов федерален канцелар. Тој положим заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен.

Нехамер го наследува Александар Шаленберг, кој беше на функцијата нешто помалку од два месеци. Извршниот комитет на конзервативната Народна партија (ОВП) едногласно го назначи 49-годишниот Нехамер за нов шеф на конзервативците и нов канцелар во петокот. Тој сака да ја продолжи владината коалиција со Зелените.

Со ова би требало да се стави крај на продолжената владина криза која почна со повлекувањето на поранешниот канцелар Себастијан Курц  од функцијата шеф на владата во октомври поради сомневање за корупција. Во четвртокот Курц изненадувачки најави дека се пензионира како лидер на партијата. Шаленберг исто така поднесе оставка по повлекувањето на Курц. Тој треба да се врати како министер за надворешни работи.

Новиот канцелар Нехамер беше професионален војник со чин поручник и долгогодишен партиски функционер. Меѓу другото, тој се залага за цврст став против илегалната миграција и радикалните исламистички струи.