Авионите од Скопскиот аеродром полетуваат, за еден час одложено слетувањето на авионот од Истанбул


 Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7.55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.

Следното слетување на аеродромот е после 11 часот.

Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје претпладнево има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот завчера до девет часот изутрината вчера беа откажани девет лета, а  четири пренасочени.