Авион падна на фудбалски терен: Има мртви
Полициското одделение Мурска Собота денеска соопшти дека мал спортски авион се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште, а според неофицијални информации загинале три лица.
Според локалната полиција, несреќата се случила околу 12 часот.
Медиумите јавуваат дека се урнал авион „цесна“ на аеро-клубот Марибор.
Медиумите наведуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило во авионот.
Словенечките медиуми пишуваат дека летот требало да биде роденденски подарок.
#AccidenteAéreo mortal de #Cessna172 (S5-DLM) del "Letalski Center Maribor" en #Gančani #Eslovenia 🇸🇮. Los 4 pax murieron. Despegaron de #Maribor (MBX/LJMB). Su destino eraMurska Sobota (LJMS). La predicción meteorológica daba engelamiento y poca visibilidad. 4 muertos. 17-11-24 pic.twitter.com/oeVTpwFw16
— Iván Castro Palacios (@ivancp25) November 17, 2024
Авионот требало да лета на релација Марибор до Лендава (Прекмурје), а како веројатна причина за падот се споменува густата магла во тој дел на Словенија.